Popadnala crna Arapina, popadnala pod grada Soluna
November 14 2007 at 11:23 PM No score for this post
Filip_M (Login Filip_M) Makedonija Forum Mods Group
-
One of the most beautiful Macedonian epic songs:
Bolen Dojcin
:Попаднала црна Арапина,
:Попаднала под града Солуна,
:Глава имат колку еден казан,
:Уши имат колу два таруна,
:Очи имат колку два шиника.
:Ми кондисал под Солуна града,
:Под Солуна, Солунски ливаѓе,
:Па ми удрил белана чадара;
:И ми собрал старци и попои,
:Таин сакат од Солуна града,
:На ден сакат по две фурни лебец,
:И им сакат крава јалоица,
:И им сакат по бочка ракија,
:И им сакат по две бочки вино,
:На ден сакат п’ убаа нееста,
:На ноќ сакат п’ една малка мома,
:Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
:Сите ми се редум изредија,
:Ред падна на млада Ангелина.
:Ангелина Дојчинова сестра.
:Ја догледа брат је болен Дојчин:
:„Ајти тебе сестро Ангелино!
:Што те тебе нужба дотерало,
:Дворје метиш дробни солзи рониш?
:Али ти се, сестро, здодеало,
:Рамни дворје, сестро, меетејќи?
:Мене болно, сестро, гледаејќи? –
:Рани, болки, сестро, врзеејќи,
:И понади мене готвеејќи?“
:„Ајти тебе брате, Болен Дојчин!
:Та не ми се мене здодеало,
:Рамно дворје, брате, метеејќи,
:Тебе болно, брате, гледаејќи,
:Рани, болки тебе врзеејќи,
:И понади тебе готвеејќи;
:Попаднала црна Арапина,
:Попаднала под града Солуна,
:Глава имат колку еден казан,
:Уши имат колу два таруна,
:Очи имат колку два шиника.
:Ми кондисал под Солуна града,
:Под Солуна, Солунски ливаѓе,
:Па ми удрил белана чадара;
:И ми собрал старци и попои,
:Таин сакат од Солуна града,
:На ден сакат по две фурни лебец,
:И им сакат крава јалоица,
:И им сакат по бочка ракија,
:И им сакат по две бочки вино,
:На ден сакат п’ убаа нееста,
:На ноќ сакат п’ една малка мома,
:Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
:Сите ми се редум изредија,
:Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
:И говорит брат је Болен Дојчин:
:„Ајти тебе сестро Анеглино,
:Ал тоа те тебе брига нашло?
:Ево имат за девет години,
:Каде лежам болно на постела;
:Веќе ми се коски раскостиле,
:Веќе ми се меса раскапале;
:Коса ми е долу до појаса,
:Брада ми е до црната земја,
:И земи ми моја вита сабја;
:Ево имат за девет години,
:Сабја в рака не ми е фатена,
:Не фатена, ни па наоточена,
:Веќе ми е сабја ’рѓосана.
:Да ја носиш Умер калакчија,
:Калакчија, мила побратима,
:Да наточит моја вита сабја,
:Да наточит сабја вересија,
:Ако станам скапо ќе му платам,
:Ак’ не станам, алал да ми чинит.“
:Па ми стана млада Ангелина,
:И ми зеде сабја ’рѓосана,
:Ми отиде дури у Умера:
:„Ајти тебе Умер калакчија,
:Так ти Бога, ја ќе ти се мола!
:Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
:Болен лежит за девет години,
:Веќе му се коски раскостиле,
:Веќе му се меса раскапале;
:Коса му е долу до појаса,
:Брада му е до црната земја,
:Сабја в рака не му е фатена,
:Не фатена, ни па наоточена,
:Веќе му е сабја ’рѓосана.
:Лели си му верна побратима,
:Да му остриш сабја вересија,
:Ако станит скапо ќе ти платит,
:Ак’ не станит, алал да му чиниш.“
:Проговори Умер калакчија:
:„Ајти тебе млада Ангелино,
:Ангелино, сестро Дојчинова,
:Чуму му е сабја наточена,
:Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
:Проговара млада Ангелина:
:„Попаднала црна Арапина,
:Попаднала под града Солуна,
:Глава имат колку еден казан,
:Уши имат колу два таруна,
:Очи имат колку два шиника.
:Ми кондисал под Солуна града,
:Под Солуна, Солунски ливаѓе,
:Па ми удрил белана чадара;
:И ми собрал старци и попои,
:Таин сакат од Солуна града,
:На ден сакат по две фурни лебец,
:И им сакат крава јалоица,
:И им сакат по бочка ракија,
:И им сакат по две бочки вино,
:На ден сакат п’ убаа нееста,
:На ноќ сакат п’ една малка мома,
:Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
:Сите ми се редум изредија,
:Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
:Проговори Умер калакчија:
:„Ајти тебе млада Ангелино!
:Ангелино, сестро Дојчинова,
:Ак’ ми даваш твојте црни очи,
:Црни очи, морски пијавици,
:Да ти острам сабја Дојчинова.“
:Расплака се лична Ангелина,
:Се поврати назад плачеејќи,
:Плачеејќи, назад пиштеејќи;
:Од далеку Ангелина викат:
:„Ајти тебе брате Болен Дојчин!
:Не ми острит Умер калакчија,
:Не ми острит сабја вересија,
:Тук ми сакат мојве црни очи.“
:Проговори брат је Болен Дојчин;
:„Остај сабја, сестро Ангелино,
:Остај сабја на бела постела,
:И влези ми темни конушници,
:Да изваиш моја брза коња,
:Три години коња незобано,
:Не глеано коња, ни чешано,
:Ни па арно вода напоено,
:Да ја водиш Митре Поморанче,
:Налбатина, моја побратима,
:Да ти коит коња вересија;
:Ако станам скапо ќе му платам,
:Ќе му платам жолтици дукати,
:Ак’ не станам алал да ми чинит.“
:Па ми стана млада Ангелина,
:И ми влезе темни конушници,
:Ми изваи нег’ва брза коња,
:Ја однесе Митре Поморанче,
:Да ми коит коња вересија:
:„Так ти Бога Митре Поморанче,
:Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
:Болен лежит за девет години,
:Веќе му се коски раскостиле,
:Веќе му се меса раскапале;
:Коса му е долу до појаса,
:Брада му е до црната земја,
:Лели си му верна побратима,
:Да му коеш нег’ва брза коња,
:Да му коеш коња вересија,
:Ако станит скапо ќе ти платит,
:Ак’ не станит алал да му чиниш.“
:Проговори Митре Поморанче:
:„Ајти тебе млада Ангелино,
:Ангелино, сестро Дојчинова,
:Чуму ти е коња Дојчинова,
:Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
:Проговара млада Ангелина:
:„Попаднала црна Арапина,
:Попаднала под града Солуна,
:Глава имат колку еден казан,
:Уши имат колу два таруна,
:Очи имат колку два шиника.
:Ми кондисал под Солуна града,
:Под Солуна, Солунски ливаѓе,
:Па ми удрил белана чадара;
:И ми собрал старци и попои,
:Таин сакат од Солуна града,
:На ден сакат по две фурни лебец,
:И им сакат крава јалоица,
:И им сакат по бочка ракија,
:И им сакат по две бочки вино,
:На ден сакат п’ убаа нееста,
:На ноќ сакат п’ една малка мома,
:Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
:Сите ми се редум изредија,
:Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
:И је велит Митре Поморанче:
:„Ајти тебе млада Анелино,
:Ангелино, сестро Дојчинова,
:Ако даваш твое бело лице,
:Твое лице како јасно сонце,
:Твојте веѓи, морски пијавици,
:Твојте очи како црно грозје,
:Да ти ковам коња Дојчинова,
:Да ти ковам коња вересија.“
:Па ми викна млада Ангелина,
:Викна, писна, на глас да ми плачит,
:Раце кршит од бели колена,
:Солзи ронит по бели образи,
:Од образи, шарени пазуви,
:Од пазуви, шарени скутои,
:Од скутои, по земја сурова.
:Си поведе коња Дојчинова,
:Љуто к’лнит млада Ангелина: -
:„Бог те убил Митре Поморјанче!
:Заш не тргна сабја да м’ загубиш,
:Туку мене ти ме посрамоти!“
:Па си тргна дома си отиде,
:И му кажвит брату си Дојчину:
:„Ајти тебе брате болен Дојчин!
:Што ми стори голема срамота,
:Со твојата верна побратима,
:Што јадефте, брате, што пиефте,
:Што одефте в гори на лоење;
:Кога реков за твојата коња,
:Да ја коит, брате, вересија,
:Што ми рече Митре Поморанче,
:Ако даиш твое бело лице,
:Ќе ти коам коња вересија.“
:И се фрли јунак Болен Дојчин,
:И се фрли на нога јуначка:
:„Ајти тебе сестро Ангелино!
:Страф да немаш, сестро, страм да немаш!
:Ја отиди Плетикоса Павле,
:Берберина, моја побратима,
:Ево имат за девет години,
:Каде лежам болно на постела;
:Веќе ми се коски раскостиле,
:Веќе ми се меса раскапале;
:Коса ми е долу до појаса,
:Брада ми е до црната земја,
:Да ми стрижит коса вересија,
:Да ми стрижит, брада да ми бричит.“
:Па ми стана млада Ангелина,
:Ми отиди Плетикоса Павле:
:„Ајти тебе Плетикоса Павле:
:Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
:Болен лежит до девет години;
:Веќе му се коски раскостиле,
:Веќе му се меса раскапале;
:Коса му е долу до појаса,
:Брада му е до црната земја,
:Лели си му верна побратима,
:Да му стрижиш коса вересија,
:Да му стрижеш, брада да му бричиш,
:Ако станит скапо ќе ти платит,
:Ак’ не станит алал да му чиниш.“
:Проговори Плетикоса Павле:
:„Ајти тебе млада Ангелино,
:Ангелино, сестро Дојчинова,
:Чуму му је коса острижена,
:Чуму му је брада обричена,
:Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
:Проговара млада Ангелина:
:„Попаднала црна Арапина,
:Попаднала под града Солуна,
:Глава имат колку еден казан,
:Уши имат колу два таруна,
:Очи имат колку два шиника.
:Ми кондисал под Солуна града,
:Под Солуна, Солунски ливаѓе,
:Ми удрила белана чадара;
:И ми собра старци и попои,
:Таин сакат од Солуна града,
:На ден сакат по две фурни лебец,
:И им сакат крава јалоица,
:И им сакат по бочка ракија,
:И им сакат по две бочки вино,
:На ден сакат п’ убаа нееста,
:На ноќ сакат п’ една малка мома,
:Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
:Сите ми се редум изредија,
:Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
:Тогаш велит Плетикоса Павле:
:„Ајти тебе млада Ангелино,
:Ангелино сестро Дојчинова,
:Ал ми даваш твоја тонка става;
:Става имаш како морска трска;
:Да ти стрижам коса Дојчинова,
:Да ти стрижам, па и да ти бричам.“
:Се поврна млада Ангелина,
:Си отиде во рамно дворои:
:„Ајти тебе брате Болен Дојчин!
:Не си имал верни побратими,
:Туку биле Турци неверници!
:Ми посака тонката ми става.“
:Ево имат за девет години,
:Каде лежам болно на постела;
:Веќе ми се коски раскостиле,
:Веќе ми се меса раскапале;
:Коса ми е долу до појаса,
:Брада ми е до црната земја,
:Па подај ми моја боздогана,
:Боздогана, моја вита сабја,
:Доведи ми моја брза коња.“
:Извади му млада Ангелина
:Триста лакти платно бамбакерно,
:Изврза му рани од анџари
:Престегна му коски раскостени,
:Рипна Дојчин на нога јуначка,
:Си опаса сабја ’рѓосана,
:Па ми вјана коња некована,
:Си ја грабна тешка боздогана,
:Право одит под града Солуна,
:Право одит на бела чадара,
:Право одит црна Арапина,
:Пиштит, викат колку глас го држит:
:„Ја излези црна Арапино!
:Ја излези гламјо опалена!
:Ја излези да се обидеме!
:Та да видиш јунак од јунака!“
:Си излезе црна Арапина,
:Туку врескат како некој аждер:
:„Чекај Дојчин, жолта восочино!
:Чекај моја тешка боздогана,
:Малу тежит, седумдесет ока.“
:Арап фрли тешка боздогана,
:Ја пречека Дојчин во десница.
:Фрли Дојчин тешка боздогана,
:Го погоди меѓу двете очи,
:Се откина глава Арапова.
:Рипна Дојчин од брзаго коња,
:Глаа кладе на коња пред себе,
:И ми тргна во града Солуна.
:Врвит Дојчин по среде Солуна,
:Што го виде се’ ми се зачуди –
:„Што ќе биде ова чудно чудо,
:Овој јунак, како суво дрво,
:Лице имат, како восок жолто,
:Што ми стори голема умера!
:Јунак било, јунак ќе да бидит!
:Не му требат цркви манастири,
:Да и’ праит, добро да им чинит!“
:Ми помина по среде чаршија,
:Право појде Умер калакчија:
:„Ајти тебе Умер калакчија!
:Сум те имал верна побратима,
:Ти ја пратив сестра Ангелина
:Да наточиш моја вита сабја,
:Да наточиш сабја вересија,
:Ако станам скапо да ти платам,
:Ак’ не станам алал да ми чиниш.
:Ајти тебе Умер калчкија,
:Не си било верна побратима,
:Не наточи моја вита сабја,
:Не наточи сабја вересија,
:Тук посака сестрините очи.
:Ајти тебе Умер калчкија,
:Сум станало скапо да ти платам,
:Да ти платам твоја вересија“
:Рипна Дојчин од брзаго коња,
:Па ми тргна сабја дипленица,
:Му ја зеде неговата глава.
:И појде при Митре Поморанче:
:„Ајти тебе Митре Поморанче,
:Поморанче, верна побратима,
:Што те имав кај мои црни очи,
:Ти ја пратив сестра Ангелина
:Да ми коеш моја брза коња,
:Да ми коеш коња вересија,
:Ако станам скапо да ти платам,
:Ак’ не станам алал да ми чиниш.
:Ајти тебе Митре Поморанче,
:Што је ова голема срамота,
:Што ми стори на мојата сестра!
:Ајти тебе Митре Поморанче,
:Сум станало скапо да ти платам,
:Да ти платам твоја вересија“
:Рипна Дојчин од брзаго коња,
:Па ми тргна сабја дипленица,
:Му ја зеде и негоа глава.
:И појде при Плетикоса Павле:
:„Ајти тебе Плетикоса Павле,
:Сум те имал верна побратима,
:Ти ја пратив сестра Ангелина
:Да острижеш коса до појаса,
:Да обричеш брада вересија,
:Ако станам скапо да ти платам,
:Ак’ не станам алал да ми чиниш.
:Ајти тебе Плетикоса Павле,
:Не си било верна побратима,
:Не остриже коса до појаса,
:Не обриче брада вересија,
:Тук посака сестрината става.
:Ајти тебе Плетикоса Павле,
:Сум станало скапо да ти платам,
:Да ти платам твоја вересија“
:Рипна Дојчин од брзаго коња,
:Па ми тргна сабја дипленица,
:Му ја зеде и негоа глава.
:Вјана Дојчин коња некована,
:Отплатило таин на Арапа,
:Отплатило верни побратими,
:Отплатило скапа вересија,
:Дома одит, од далеку викат:
:„Ангелино, моја мила сестро,
:Отвори ми наши вити порти,
:Постели ми шарена одаја,
:И барај ми свешти и ламбади,
:Доведи ми попој законици,
:Што сакаше, сестро, се’ ти свршив,
:Ќе се делит душа од снагава.
:Да не жалиш, сестро, да не плачиш,
:Тук да земеш свирци, дабоани,
:Та да сториш голема донамба.“
:И ми стана сестра Ангелина,
:Ми отвори нивни вити порти,
:Уплашена, мошне устрашена;
:Кога виде глава од Арапа,
:Го прегрна млада Ангелина,
:Го однесе в шарена одаја,
:Колку легна на мека постела,
:Дури сестра свешта му запали,
:Даде душа брат је Болен Дојчин.
:Се собраје старци и попои,
:Ми кладое свирци дабоани
:Што ми бие три дни и три ноќи.
Scoring disabled. You must be logged in to score posts.